
Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во електрични проводници
Грижата за заедницата понекогаш значи и повеќе од редовно и сигурно снабдување со електрична енергија. Таа подразбира и внимание кон секое живо суштество кое ќе се најде во неволја – дури и кога станува збор за најмалите и најранливите.
Токму таков пример на професионалност и хуманост покажа Николче од КЕЦ Битола, кој за време на интервенција успеа да спаси маче заплеткано во проводниците од електродистрибутивната мрежа. Постапувајќи брзо, но притоа строго придржувајќи се до сите безбедносни процедури, тој ја изврши интервенцијата без ризик по себе и по околината.
Овој чин уште еднаш потврдува дека одговорноста на терен не се мери само преку техничката стручност, туку и преку човечноста и подготвеноста да се помогне тогаш кога е најпотребно.

