
РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС – компанијата им дава над 40 илјади евра
Германскиот производител на видео игри CipSoft ја објави култната игра „Tibia“ уште во 1997 година. Во моментов има околу 500.000 активни играчи во 77 играчки светови, што на баварската компанија и донесе рекорден профит од 14,5 милиони евра во 2023 година, односно зголемување од 22 отсто во однос на претходната година.
– Cipsoft на своите вработени им пренесува четвртина од годишниот профит. Секој што е вработен во компанијата повеќе од 2,5 години добива целосен бонус – изјави тој за германските медиуми.
Според ова, 85 отсто од околу 100 вработени може да очекуваат бонус во висина од десет месечни плати, што во просек значи околу 43.500 евра бруто по вработен.
Додека другите програмери во индустријата за игри се мачат, работите сè уште одат добро за Clipsoft.
– Среќни сме што можеме да лансираме сервисна игра во живо со „Тибија“ која има многу лојална заедница зад себе, но во која и ние инвестиравме на вистинските места во последните неколку години – вели Фоглер.
За споредба, Ферари на своите вработени им плаќа годишен бонус од 13.500 евра, Порше 10.000 евра, Мерцедес 7.300 евра, Опел 2.000 евра.
(Магазин Феникс)