Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ ПОТПИШУВААТ СПОГОДБА ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Четри текстилни компании престанаа со работа
Економија

РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ ПОТПИШУВААТ СПОГОДБА ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Четри текстилни компании престанаа со работа

22/12/2023

AA

Изминативе два месеци се затворени дури четири помали конфекции, поради што без работа остануваат 130 штипски текстилни работници кои биле вработени во нив. 

Ова го соопшти денеска Кристина Ампева од здружението „Гласен Текстилец“, при што посочи дека причината за нивното затварање е немање налози од странските партнери, а дел од брендовите си заминаа, односно своето производство го преселија во Египет, Мароко или во други земји.

Воедно Ампева кажа дека во една од конфекциите самите работници си потпишале спогодби со работодавачот, наместо да не потпишат ништо, со што би имале право на испратнина и се она што им следува согласно Законот за работни односи.

– Во останатите фирми имаше за жал примери каде што работодавачите, сметаа дека така ќе ги затворат фирмите, една од нив должеше една плата, другите должеа две плати. Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме, благодарение на иснпекторите од областа на трудот од Штип платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати. Ние овде успеавме да обезбедиме да се исплатат – истакна Ампева.

Воедно, таа дополни дека засега не е голем бранот на затварање на текстилни конфекции, какошто го најавија дел од работодавачите, а ова се случува поради инфлацијата и помалата потрошувачка моќ на граѓаните од ЕУ, кои и помалку купуваат облека.

– За жал еве да речеме ова се ефектите од тоа лон производство во нашите конфекции и од кои зависиме, брендовите со кои има преговори велат дека ни старее работна сила во овој сектор во Македонија и тие бараат нормално постабилен пазар, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето – посочи Ампева

Таа упати апел до работниците, кога се затвара фирмата да не потпишуваат апсолутно ништо, бидејќи фирмата се затвара од деловни причини и имаат право соодветно да им биде исплатена испратнина, согласно нивниот работен стаж.

– Тие работници што не се потпишаа им ја водиме постапката, меѓутоа тие што се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме, истакна Ампева.

Прашана дали дел од текстилните работнички се вработија веднаш во други конфекции, Ампева потврдува дека дел од нив се вработиле во конфекции, каде што „Гласен Текстилец“ се обидува да направи синдикат.

– Работодавачот вели нормално е и ние имаме зголемен обем на работа. Зошто е тоа така? Заради тоа што плаќаат многу повеќе и повисоки плати и внимаваат на стандардите на коишто работат, најмногу што можат, а особено она што го бараат германските брендови, рече Ампева.

Таа додаде дека оние текстилни компании кои имаат и зголемен обем на работа освен што бараат работници најавиле и зголемување на платите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy