
РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Мицкоски кажа дека него ќе го договорат работниците и работодавачите
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.
„Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека 5 илјади треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот“, вели премиерот.
Кажа дека во понеделник има една точка на дневен ред којашто се однесува до минималната плата.

