
РАБОТНИЦИ ОД ЕДНА ГЕРМАНСКА ФАБРИКА ИТНО ПОВИКАЛЕ ПОЛИЦИЈА – еве што откриле во зеленчукот кој требало да го преработуваат
Вработени во фабрика за шеќер во Еускирхен во Северна Рајна-Вестфалија во саботата навечер открија граната од Втората светска војна меѓу шеќерна репка.
Тие биле шокирани кога виделе опасна експлозивна направа и повикале полиција.
Како што информираа од полицијата, гранатата очигледно била донесена од нива во Еускирхен, откако била натоварена во камион за време на жетвата на шеќерна репка и однесена во фабрика за шеќер.
Вработени во компанијата за отстранување на експлозивни направи во саботата околу 19 часот и 30 минути пристигнале во компанијата и ја деактивирале гранатата, пренесува магазинот „Феникс“.
„Детонаторот на граната од Втората светска војна сè уште беше недопрен“, рече портпаролот на полицијата.
Тој нагласи дека нема опасност за жителите.
Пословни.хр
