Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работнички падна на крај: МЗТ се намачи, но го направи првиот чекор кон финалето (ФОТО)
Спорт

Работнички падна на крај: МЗТ се намачи, но го направи првиот чекор кон финалето (ФОТО)

13/05/2023

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје го направија првиот чекор кон пласман во финалето од плејофот во домашното првенство, откако вечерва, на домашен терен, го добија воведниот дуел против вечниот ривал Работнички (82-71).

Тоа беше тврд и неизвесен натпревар до пред самиот крај, а како клучна се покажа серијата 15-3 на аеродромци во првата половина од последната четвртина, со која целосно го скршија отпорот на гостинскиот тим. Центарци на 57-58 имаа и напад за водство, но потоа следеа 11 поени во низа на сино-белите, за малку подоцна да дојдат и до највисоки дотогаш плус 13 (73-60), што беше најава на крајниот епилог.

Дамјан Стојановски беше прво име во тимот на МЗТ Скопје со 14 поени и 11 скока, додека зад него беа Дастин Вер и Кеандре Кук со по 13 поени, како и Војдан Стојановски со 12 поени и седум скока. Ѓорѓе Џелетовиќ со 19 поени и девет скока беше најдобар кај Работнички.

Вториот дуел од серијата се игра в среда, кога составот од Аеродром ќе ја има првата шанса за пласман во финалето со оглед што се игра до две победи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy