
Работнички го освои младинскиот Куп – ја прегази Шкендија во финалето
Младите „романтичари“ со два гола во првиот дел ја најавија победата, а потоа додадоа уште еден во вториот дел за да ја обезбедат, па тетовци до крајот успеаа само да постигнат почесен гол и од младинските генерации во три финалиња да освојат само еден пехар.
Шкендија славеше со 3-2 во младинскиот куп во пионерска конкуренција, но загуби денеска во кадетска од Вардар со убедливи 1-4, а сега и младинците доживеаа убедлив пораз во третото финале за тетовските црвено-црни генерации.
Екипата на Њу Старс, пак, го освои Купот на Македонија во јуниорска конкуренција, фудбалери родени 2006 година, со триумф во финалето против Работнички.