Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работната група на Владата повторно се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ
Македонија

Работната група на Владата повторно се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ

01/11/2023

AA

Работната група составена од заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик министерот за финансии, Филип Николовски и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, одржа работен состанок со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), кој е во насока на пронаоѓање на взаемно прифатливо, системско и одржливо решение на одредени состојби во судската и јавно-обвинителската служба.

На состанокот беше реафирмирано дека низ инклузивен и транспарентен дијалог на двете страни, исполнет со взаемно почитување може да се решат прашањата поврзани со вработените во судската и јавно-обвинителската служба, а што би допринело кон унапредување на севкупната ефикасност и ефективноста на судскиот систем во државата.

Со оглед на тоа што двете страна се блиску до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение, кое ќе значи унапредување на социјалниот дијалог, од страна на претставниците на Владата беше отворено прашањето за ставање во мирување на штрајкот на вработените во судската и јавно-обвинителската служба, што дополнително би ја поттикнала атмосферата на взаемна соработка и разбирање.

Од страна на претставниците на работната група, уште еднаш беше истакната посветеноста на Владата на принципите на водење на отворен и инклузивен социјален дијалог со сите синдикални организации, а кој секогаш е во насока на пронаоѓање на системски, праведни, правични и солидарни решенија за сите отворени прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy