
РАБОТИТЕ СЕ МЕНУВААТ, СЕГА ИМА ПЛАТА! Николовски најави истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на фејсбук информираше дека сега има плата за сите, за разлика од времето кога на власт биле СДСМ и ДУИ, кога немало плата.
„Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!
Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.
Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот.
4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле.
Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.
Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт.
Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!“, напиша тој на фејсбук.
