Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАБОТАТ НА ЖЕШКО ПО НИВИТЕ: Аргатите сакаат да им тече стаж – дали ова ќе стане реалност?
Економија

РАБОТАТ НА ЖЕШКО ПО НИВИТЕ: Аргатите сакаат да им тече стаж – дали ова ќе стане реалност?

13/03/2025

AA

За луѓето кои
работат како аргати е прифатливо да им се плаќа работен стаж, нешто
за што веќе има предлог закон во собраниска процедура.

Аргатите
објаснуваат дека и онака се мачат, работат на нива на жешко време и според нив,
добро би било газдите кои ги ангажираат да им платат и стаж. Многу аргати во
земјава, долги години работат во земјоделскиот сектор, а немаат стаж кој во
иднина ќе им обезбеди некаква сигурност. Дури има и семејства каде повеќе
членови се занимаваат со аргатување.

„Јас сум од
Кавадарци, нашиот град е земјоделски и долго време се занимавам со тоа, иако
сум млад. Аргатувањето треба да биде регулирано, да се плаќа стаж. Потценета е
оваа работа. Мајка ми исто работи како аргатка. Сега кројат и чистат лозја. Јас
имам работено на берба на грозје. Мајка ми со години работи како аргат. И јас
имам работено неколку години како аргат. Стаж немам од тоа, тоа е аргатска
работа. Зависи како ќе ми се погодеше денот, некогаш беше мачно, некогаш не.
Познавам луѓе што работат како аргати, ги има и помлади и постари. Нема голем
избор за работа и мислам дека затоа луѓето се нафаќаат да работат како аргати“,
вели 20 годишно момче од Кавадарци.

Од друга страна,
оние кои ангажирале аргати објаснуваат дека газдите кои работат големи површини,
 веројатно би биле во состојба на
сезонците да им плаќаат стаж, а за другите е дискутабилно дали би имале
можности за истото.

„По 4-5 жени за
берба на тутун сме ангажирале. Повеќе од месец беревме тутун. Дури и 2.5 до 3
месеци се случувало да трае бербата. Тие што работат повеќе хектари, веројатно
ќе можат да им плаќаат стаж на аргатите, би требало“, вели Моника, која
ангажирала берачи за тутун во Прилеп.

Но, газдите кои
работеле со аргати велат дека дел од тие работници се социјалци и неизвесно е
дали промена на условите кои досега ги имале, нив лично ќе им одговара.

„Сега има малку
берачи и ќе ги снема целосно. Ќе бидат принудени луѓето да работат за помали дневници,
ако им плаќаме стаж. Тоа е тешко. Ако мораме да платиме стаж за тие луѓе, тоа
го оптоварува финалниот производ, ќе биде поскапо за потрошувачите и следната
година ќе размислам дали ќе произведувам или ќе ставам клуч на врата и ќе одам
да работам надвор од државата“, вели Емилија Пехчевска од Берово кој поседува
фирма за преработка на зеленчук.

Пратениците
од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ деновиве поднесоа предлог закон за ангажман на сезонски
работници со кој работодавачите ќе ги обврзат да ги плаќаат придонесите, без разлика дали работат
неколку недели или неколку месеци.

Ова,
како што објасни предлагачот Тони Јаревски, нема да претставува пречка за
студентите кои добиваат стипендија, за невработените кои примаат социјална
помош и за пензионерите кои примаат пензии.

Ангажираните ќе бидат платени за одработен
час, а износот не смее да биде помал од часот кој се пресметува врз основа на
минималната плата.

Работодавачите, освен придонеси за пензиско и
инвалидско, ќе плаќаат и данок на личен доход, како и трошоци во случај на
повреда. Газдите ќе можат да ангажираат сезонски работници најмногу до 120 дена во
текот на една календарска година.

Овој предложен закон се однесува само на три сектори,
земјоделството, домашните услуги и угостителството. Предлог-законот е во
согласност со стратегијата за формализирање на неформалната економија на
Северна Македонија за периодот 2023-2027 година.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy