
Рајо и Димитриевски ја суредија Осасуна за да останат во трката за Европа (ВИДЕО)
Хернандез со автогол во 40-та, па Палазон во 43-та на Рајо му го обезбедија триумфот, а Димитриевски не успеа да дојде до десетта чиста мрежа, откако Гомез во 66-та еднаш го матира, но тимот од Памплона до крај не успеа да се избори барем за бод.
Малиот мадридски клуб со оваа десетта победа сезонава дојде до 40 бода на контото на осмото место и ја прескокна Осасуна, а ист број на бодови има Атлетик Билбао, додека шестиот Бетис бега пет бода.

