Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин ваков не сме го виделе, Кадиров објави селфи од Кремљ: Врховниот командант има посебна задача за мене!
Македонија

Путин ваков не сме го виделе, Кадиров објави селфи од Кремљ: Врховниот командант има посебна задача за мене!

29/06/2023

AA

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, денеска објави селфи со рускиот претседател Владимир Путин.

Кадиров нагласи дека Владимир Путин за време на вчерашната средба во Москва побарал од него да им го честита Курбан Бајрам на војниците и на граѓаните од муслиманска вероисповед.

– Нашиот претседател Владимир Владимирович Путин има голема почит кон муслиманите на нашата голема и пријателска земја. Го информирав за социо-економската ситуација во Чеченија и разговаравме за долгорочните планови и достигнувања на регионот. На крајот од средбата, Владимир Владимирович ме замоли да им пренесам искрени честитки на сите муслимани по повод Курбан Бајрам и да им пренесам желби за среќа, добрина, мир и просперитет – вели Рамзан Кадиров на својот Телеграм канал.

Чеченскиот лидер откри дека Путин имал и посебно барање.

– Врховниот командант конкретно побара да им честитам на војниците кои учествуваат во специјалната воена операција. На храбрите момци им посакав успех и среќа и брзо завршување на задачите. Со голема радост извршувам почесна мисија и се придружувам на желбите на Владимир Владимирович! Среќен празник! Нека Курбан Бајрам ги исполни срцата на сите верници со среќа и мир – вели Кадиров.

Камерата неодамна сними разговор меѓу Путин и Кадиров додека тие ја коментираа брадата на чеченскиот лидер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy