Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин се подготвува за уште поголема војна?!
Македонија

Путин се подготвува за уште поголема војна?!

02/08/2023

AA

Директорот на евроазискиот центар „Карнеги Русија“, Александар Габуев, смета дека законот што неодамна беше усвоен во Русија е подготовка за нова мобилизација, а Владимир Путин се подготвува за уште поголема војна.

Во својата анализа за Фајненшл тајмс, Габуев го цитира Андреј Картаполов, шефот на комисијата за одбрана на Думата, кој при усвојувањето на овој закон рече дека овие амандмани се напишани „за голема војна и општа мобилизација“.

А мирисот на оваа голема војна веќе се мириса“, рече тогаш Картаполов.

„Законот што му дозволува на Кремљ да испрати уште стотици илјади луѓе да се борат, открива тажна вистина: дека Владимир Путин, далеку од тоа да бара излез од неговата катастрофална војна во Украина, се подготвува за уште поголема војна“, вели Габуев во неговата анализа.

Иако наведува дека е евидентно дека се зголемува притисокот од санкциите врз Русија, дека Западот е обединет во поддршката за Киев и дека протокот на модерно оружје и пари ги поддржува украинските воени напори. Исто така, се наведува дека бунтот организиран од водачот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, и видливите конфликти меѓу највисоките руски воени команданти „придонесуваат за надежта дека воената машина на Кремљ ќе се скрши“.

Сепак, истакнува тој, работите веројатно изгледаат многу поинаку за Кремљ, кој верува дека може да си дозволи долга војна.

Се прогнозира дека руската економија ќе забележи скромен раст оваа година, најмногу благодарение на воените фабрики кои работат деноноќно. Критичните компоненти како што се микрочиповите потребни на одбранбената индустрија доаѓаат од Кина и други извори.

Габуев вели дека и покрај санкциите, Кремљ сè уште има доволно пари за војна, благодарение на неочекуваниот енергетски профит минатата година, како и приспособливоста на руските извозници на стоки, кои најдоа нови купувачи и плаќаат главно во јуани.

Доколку буџетските притисоци станат поакутни, руската централна банка би можела дополнително да ја девалвира рубљата, што ќе го олесни плаќањето на војниците, работниците во одбранбената индустрија и силите за внатрешна безбедност кои ја држат руската елита и јавноста под репресија и во голема мера во согласност со катастрофалниот курс на Путин, рече тој.

Тој исто така смета дека Кремљ се уште не е вознемирен од украинската контраофанзива.

„Дури и ако Киев направи повеќе напредок, Кремљ може да ги отфрли како привремени. Путин се потпира на фактот дека руската работна сила која потенцијално може да се мобилизира е три до четири пати поголема од онаа на Украина и единствената непосредна задача е да може да го искористи овој ресурс по своја волја: да мобилизира многу повеќе луѓе, да ги вооружи, да ги обучи и испрати тие да се борат. Токму тоа е целта на новиот закон, кој треба да му помогне на Кремљ да избегне уште една официјална мобилизација“, смета тој.

Горната старосна граница за задолжителен воен рок од следната година ќе биде зголемена од 27 на 30 години, а во иднина, смета Габуев, би можело повторно да се зголеми.

Тој објаснува дека кога се издава електронски нацрт, руските граници веднаш се затвораат за примачот за да се спречи масовниот егзодус на работоспособни мажи на кој Русија беше сведок минатата есен.

Тој наведува дека паралелната тактика на Путин е да ја задуши украинската економија. Знаејќи дека украинскиот буџет зависи од западните сојузници, Кремљ сака да му ги ускрати на Киев сите извори на приход. Затоа, Москва не само што се повлече од договорот за жито што дозволи украински земјоделски извоз преку Црното Море, туку и започна масовни воздушни напади врз украинските пристаништа за да ја уништи секоја можност за обновување на договорот. Истата логика ги поткрепува руските воздушни напади врз цивилната инфраструктура: тие имаат за цел да ги направат украинските градови непогодни за живеење и да ги попречат напорите за обнова.

„Кремљ се надева дека брзата обнова на руската војска и постепеното уништување на украинската економија и вооружените сили ќе доведат до растечка фрустрација од Западот и пад на материјалната поддршка за Киев. За да го забрза овој процес и да ја скрши волјата на Западот, Москва користи закани за ескалација, вклучително и ширење на конфликтот кон територијата на НАТО преку Белорусија со помош на платениците на Вагнер лоцирани таму“, пишува Габуев.

„Путин направи многу фатални грешки. Но, додека тој е на чело, Москва ќе ги посвети своите сѐ уште огромни ресурси за да ја постигне опсесијата со уништување и потчинување на Украина. Додека западните лидери размислуваат за политиката на поддршка на Украина во третата година од оваа грда војна, секоја долгорочна стратегија мора да ја земе предвид оваа реалност“, заклучува тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy