
Путин: Русија нема интерес да војува со НАТО
Русија нема интерес да војува со земјите од НАТО, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Целата организација на НАТО не може да не сфати дека Русија нема причина, нема интерес – ниту геополитички, ниту економски, ниту политички, ниту воен да војува со земјите од НАТО – изјави претседателот во интервју за телевизијата „Русија 1“.
Путин истакна дека Москва и земјите од НАТО немаат меѓусебни територијални претензии, ниту пак Русија сака да ги расипува односите со земјите од Алијансата.
Според неговото мислење, „претседателот на која било голема земја, особено земја на НАТО, не може да не го разбере ова“, а уште повеќе, претседателот на Соединетите Американски Држави, „единствениот господар на НАТО“, мора да го разбере ова. затоа што тоа е „нивниот последен двор — целата организација на НАТО“.
– Заинтересирани сме за развој на односите – додаде рускиот лидер.
Како пример за тоа ги наведе односите меѓу Русија и Финска. Путин објасни дека сите спорови меѓу овие две земји се одамна решени, и дека нема проблеми во односите меѓу двете земји, но дека тие ќе се појават кога Финска ќе влезе во НАТО.
– Немаше никаков проблем. Сега ќе има, бидејќи сега таму ќе го формираме Ленинградскиот воен округ и таму ќе концентрираме одредени воени единици – нагласи Путин, зборувајќи за последиците од влезот на Финска во НАТО.
Тој рече дека Русија нема проблеми со земјите од НАТО и дека тие се оние кои вештачки создаваат проблеми.
– Со кого имаме проблеми? Па, со никој. Тие вештачки создаваат проблеми, бидејќи не сакаат да имаат таков конкурент во Русија. И тоа е се – објасни Путин.
Путин нагласи и дека западните земји ќе мора да најдат заеднички јазик со Русија, бидејќи ќе мора да го земат предвид.
