
Путин: Потребно е да се развијат најсовремени системи за воздушна одбрана
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес го одржа вториот состанок за државната програма за оружје за периодот од 2027 до 2036 година, каде што зборуваше за модернизацијата на руските системи за воздушна одбрана, вселенските системи и беспилотните летала.
Според РИА Новости, на состанокот е утврдено дека од почетокот на војната во Украина, руската воздушна одбрана уништила повеќе од 80.000 воздушни цели, од кои околу 7.500 се модерни оперативно-тактички и крстосувачки ракети.
Новата државна програма за оружје треба да обезбеди создавање на универзален систем за воздушна одбрана кој ефикасно ќе ги погодува целите без оглед на видот.