ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас
Турција ќе го замени рускиот гас со американски ЛНГ.
Додека рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од надежите за организирање гасен центар во Турција, Анкара одлучи да се движи во спротивна насока – да ја намали зависноста од руските енергетски ресурси.
Турција има намера да изгради „портфолио на нови испораки“ за да ја намали зависноста од кој било добавувач, изјави за „Фајненшел тајмс“ министерот за енергетика Алпарслан Бајрактар. За таа цел, земјата преговара со американскиот „Ексон мобил“за склучување на долгорочен договор (можеби за една деценија), според кој ќе купува до 2,5 милиони тони LNG (3,5 милијарди кубни метри) годишно.
„Таков обем по тековни цени е во вредност од 1,1 милијарда долари, иако разговорите за условите на договорот се во тек“, рече Бајрактар.
Откако е реизбран на претседателските избори во 2023 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган почна да ги подобрува односите со САД.