Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин: Испораката на американска касетна муниција во Украина треба да се третира како злосторство!
Македонија

Путин: Испораката на американска касетна муниција во Украина треба да се третира како злосторство!

16/07/2023

AA

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во неделата дека испораката на касетна муниција од Вашингтон во Украина треба да се третира како кривично дело.

„Самата администрација на Соединетите Американски Држави (САД) употребата на касетна муниција пред извесно време ја нарече криминал. Мислам дека тоа треба да се третира на тој начин“, рече Путин во интервју за ТВ каналот „Россија-1“.

Путин додаде дека неговата земја го задржува правото да возврати доколку се користи касетна муниција против Русија, додавајќи дека Москва има доволно залихи на различни видови касетна муниција.

„Досега ова не сме го правеле, не сме го користеле, ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период, а имаме и муниција, но ова не сме го направиле“, рече Путин.

Тој исто така рече дека верува оти САД ја снабдуваат Украина со касетна муниција поради општиот недостиг на муниција.

„Украинската армија троши од 5.000 до 6.000 гранати од 155 калибар дневно за воени дејствија, додека САД произведуваат 15.000 месечно. Немаат доволно, а Европа веќе нема доволно. Но, тие не најдоа ништо подобро од тоа да предложат употреба на касетна муниција“, додаде тој.

Касетната муниција испушта бомби кои се распрснуваат во целната област и може да експлодираат години подоцна предизвикувајќи цивилни жртви.

Конвенцијата на ОН за касетна муниција од 2008 година забранува употреба, производство, складирање и пренос на касетна муниција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy