Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин и Трамп нема да присуствуваат на мировните преговори со Зеленски во Турција
Македонија

Путин и Трамп нема да присуствуваат на мировните преговори со Зеленски во Турција

15/05/2025

AA

Претседателот на САД, Доналд Трамп нема да присуствува во Турција во мировните преговори помеѓу Русија и Укриана. Претходно Трамп изјави дека размислува да отиде во Истанбул и да учествува во преговорите, но тоа нема да се случи.

Оваа одлука на САД доаѓа откако Кремљ го објави списокот на руската делегација на преговорите, на кој не беше вклучен рускио претседател Владимир Путин. Трамп истакна дека би дошол на преговорите доколку дојде и Путин.

Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски претходно соопшти дека ќе патува во Истанбул и ќе го чека својот руски колега. Украински функционер доцна синоќа објави дека Зеленски веќе заминал кон Анкара, каде што денеска би требало да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зеленски претходно кажа дека евентуално неодаѓање на Путин во Истанбул, би бил доказ дека Русија не сака мир.

„Украина ги прифати сите сигнали, сите предлози што беа понудени од одредени страни. Од САД, европските земји, другите партнери. И оние што беа изразени јавно и оние што останаа зад сцената. Покажавме дека сме апсолутно конструктивни. Верувам дека ако Путин не дојде на состанокот, ова ќе биде последната точка која ќе докаже дека Русија не сака мир“, рече Зеленски пред два дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy