
Путин ќе ја посети Турција во февруари, велат руски извори
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција во февруари и ќе се сретне со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, објави советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, цитиран од ТАСС.
Прашањето за војната во Украина ќе биде главна тема на разговор меѓу двајцата лидери, изјави и Ушаков за агенцијата.
Во декември, рускиот претседател рече дека има планови да ја посети Анкара и да се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на почетокот на 2024 година.