Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПУТЕРОТ СТАНУВА СÈ ПОСКАП, И ВО ГЕРМАНИЈА СТАНУВА ЛУКСУЗ: Ќе се зголеми и цената на колачите и тортите токму пред Божик
Економија

ПУТЕРОТ СТАНУВА СÈ ПОСКАП, И ВО ГЕРМАНИЈА СТАНУВА ЛУКСУЗ: Ќе се зголеми и цената на колачите и тортите токму пред Божик

22/10/2024

AA

Германија е суперсила во ЕУ и по производство на путер, но и
во оваа земја станува се поскап. Најпрвин причината беше генерално поскапување,
но сега проблемот е и во млекото, пишува ДВ.

Според проценките на европската статистика, оваа година до
август Германија понудила на
пазарот 329.954 тони путер.
Само Франција (279.970 тони), Ирска (189.260 тони) и Полска (171.000 тони)
можат да конкурираат на Германија.

Но, оваа доминација на европскиот пазар на путер неизбежно
значи дека, кога цените растат во Германија, многумина во ЕУ мора да посегнат
подлабоко во своите џебови. И поради тоа го надмина претходниот рекорд од
август 2023 година за добри десет центи, а просечната цена во супермаркет во
Германија е 2,39 евра за обично пакување од 250 грама.

Проблем со млекото

Ханс Јирген Сеуферлајн од Здружението на млекопроизводители
на Баварија објаснува дека проблем е и невообичаено малата пропорција на масти
во млекото – имено путерот. Процентот на маснотии во млекото се менува во текот
на годишните времиња, но нетипично е тоа да биде под нормалното од февруари,
вели овој производител.

Ова намалување не изгледа големо: помеѓу 0,01 и 0,04%, и тоа
на целата територија на Германија. „И ако се собере сето тоа, тоа е многу“, објаснува
Сеуферлајн за АРД. Тоа значи дека за иста количина путер е потребно повеќе
млеко.

Сето ова е исклучително важно и за производство на путер и
за сирење, а во Германија цената на путерот традиционално се одредува на една
од двете берзи за путер. Еден од нив е во Кемптен, во Алгау, во Баварија. Таму,
веќе еден век, претставниците на производителите и откупувачите се среќаваат во
среда за да договорат рамка за цените на путерот. Ова не е диктат или обврска,
објаснува Клеменс Рик од берзата за путер. „Овие цени служат како ориентација
за сите учесници на пазарот. Берзата не ја одредува цената, само ја наведува“.

Одличен показател за
целокупното поскапување

Колку ќе чини путерот во продавницата на крајот одлучува
трговецот на мало. Секако, на полиците има и типови кои се далеку поскапи од
просечните, исто како што во конкуренција меѓу трговските синџири, секогаш има
специјални понуди под таа цена. Но, путерот е вистинско уживање и за
потрошувачите и за експертите за одредување на општото ниво на цените. Бидејќи
колку луѓе веруваат дека еден путер е подобар од друг, составот и пакувањето од
250 грама се стандард по кој лесно може да се спореди нивото на сите цени.

Затоа, Ева Штубнер од Институтот за истражување на пазарот
во Келн го вклучува путерот во „производите за референтна цена“. А путерот
стана – и остана – скап: во споредба со лани растителното масло е поевтино за
6,4%, брашното за 8,8%, тестенините за 3,2%.

„Ако путерот е поскап, тогаш и потрошувачите имаат впечаток
дека се е поскапо“, ни вели овој економист. Но, тоа е глупост: ние не трошиме
толку многу путер што промената на неговата цена навистина би оставила огромна
дупка во нашиот паричник – цената на путерот сочинува само 0,18% од
потрошувачката кошница по која се мерат поскапувањата. Но, потрошувачите се
глуви на таквите аргументи затоа што најважно им е чувството дека сè поскапе –
иако вкупната стапка на поскапување е значително намалена и изнесува околу
1,6%. А кога станува збор за путерот, ситуацијата нема да се подобри.

Погоните исчезнуваат

Иако Германија е суперсила во производството на млеко и
путер во Европската унија, има се помалку производители. Seufferlein вели дека
секоја година околу 4% од производителите го прекинуваат производството и тоа
трае долго време. Најпогодени се руралните домаќинства или фармите со мал и
среден број крави бидејќи нивното одржување е сè поскапо. Ова е резултат и на
националните и на европските упатства, така што е слично и во другите земји на
ЕУ. Кога станува збор за Германија, една крава го чини сопственикот од 18 до 20
илјади евра. И се почесто е премногу за најмалите.

Еден од нив е Георг Рот: тој е веќе шестата генерација
млекар во Унтергризбах во близина на Пасау во Баварија и имал околу педесет
крави. Но, најновите прописи за чување животни го принудуваат да им изгради
поголема штала, а тоа би го чинело околу 1,2 милиони евра.

Всушност, и неговата внука Вероника Бауер сакала да ја
продолжи семејната традиција, но заедно сфатиле дека повеќе не можат финансиски
да ја издржат. И не само финансиски: секој земјоделец знае дека стоката не знае
ниту работно време, ниту недела и празници – да не зборуваме за годишни одмори.
Тие се префрлија од крави на коњи: прописите таму се многу полесни, а пазарот е
сосема поинаков. Таму во најголем
дел можат сами да ги одредат цените и не мора да се грижат колку купувачот
следниот пат ќе им понуди за нивното млеко.

Ќе се зголеми и цената на колачите

И не се
единствените, тврдат од Здружението на млекопроизводители во Баварија: во цела
Германија годинава има речиси 100.000 крави помалку од лани.

Тоа неминовно
значи дека нема да поевтини ниту путерот, а пред божиќните празници тоа ќе го
почувствуваат и потрошувачите. Бидејќи нема колачи и торти без путер, Саша Бреј
од пекарата Шаан во Хесен веќе бара каде да најде подостапен путер за
производство на колачи. Но, нема евтин путер. Затоа Бреј смета дека нема да има
друг избор освен да ја зголеми цената на божиќните колачи оваа година во
последниот квартал во однос на лани и ќе мора да ја намали понудата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон

05/02/2026
Македонија

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ

05/02/2026
Македонија

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА

05/02/2026
Македонија

Втор земјотрес почувствуван во Македонија

04/02/2026
Македонија

ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО Мицкоски откри што

04/02/2026
Македонија

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот

04/02/2026
Македонија

Полициска акција во Струмица и струмичко

04/02/2026
Македонија

ВЛАДАТА СО ЗАСИЛЕНА ЕУ-АГЕНДА Мицкоски најавува продолжување на реформите по

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41049
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон синдикатите

05/02/2026

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма остро ги критикуваше барањата на Сојузот на синдикатите

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ земјава

05/02/2026

Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА Еве што се случува со

05/02/2026

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy