Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пуштен во употреба државниот пат Скопје – Блаце
Македонија

Пуштен во употреба државниот пат Скопје – Блаце

25/01/2024

AA

Завршија градежните активности за реконструкција на државниот пат А2 Скопје – ГП Блаце, во должина од 10 километри. Вредноста на реконструкцијата изнесува 3,8 милиони евра, средства обезбедни од буџетот на ЈП за државни патишта.

На денешниот настан присуствуваа првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за економија, Крешник Бектеши, заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Првиот заменик на претседателот на Владата, Груби, истакна дека овие инфраструктурни проекти даваат дополнителен бенефит за сите граѓани и го подобруваат регионалното поврзување со соседите.

„При крај е фамозната двокилометарска делница од автопатот Скопје – Блаце, која исто така треба да биде завршена во текот на следните месеци, по што ќе следи најава за претстојната делница во должина од 10 километри. Оваа Влада во овие три и пол години, речиси четири, направи невидена револуција во инфраструктурата, а за тоа сведочат градежните компании, локалните власти, медиумите и граѓаните. Затоа сакам да му се заблагодарам на министерот за транспорт и врски, како и на директорот на патиштата и да им честитам за сработеното.“, рече меѓу другото Груби.

Министерот Бочварски потенцираше дека станува збор за реконструкција на една патна делница која е многу значајна за економијата, за транспортот и за извозот на македонските производи надвор од границите и затоа оваа реконструкција ќе донесе дополнителен инпут на трговските релации во регионот.

„Иднината на државата е токму развојот на инфраструктурата преку која ќе ги зголемиме трговските релации со земјите во регионот. Пред само два дена бевме во Крива Паланка каде го пуштивме во употреба реконструираниот државен пат до ГП Деве Баир, а веќе денеска сме тука да го пуштиме во употреба и државниот пат од Скопје кон граничниот премин Блаце и ова особено не прави горди, бидејќи ги модернизиравме сите патни правци кои водат кон нашите гранични премини со соседите. Оваа делница е дел од Рутата 6 од европската транспортна мрежа и е многу значајна заради проширување на европските патни мрежи кон Западен Балкан.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, во своето обраќање пред присутните изјави дека овој пат е дел од инвестицискиот циклус од 400 милиони евра што се реализираше изминатата година.

„Моја заложба како прв човек на Јавното претпријатие за државни патишта, беше и останува да се обезбеди квалитетно патно поврзување на државата со сите соседни држави. Секоја добра патна врска со соседите носи и подобри услови за размена на стоки и услуги, за развивање на бизнисите, за развој на регионалниот туризам, но да не го заборавиме и сигурното и безбедното патување на патниците. Должината на овој пат што се рехабилитираше е вкупно 10 км, а широчината на коловозот е 7,7 метри. Вредноста на изведената рехабилитација изнесуваше 3,8 милиони евра.“ – истакна директорот Рустеми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy