Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПУШАТ ЦИГАРИ ОД ТИНЕЈЏЕРСКИТЕ ГОДИНИ: Психолог открива како полесно да се откажат од овој порок
Економија

ПУШАТ ЦИГАРИ ОД ТИНЕЈЏЕРСКИТЕ ГОДИНИ: Психолог открива како полесно да се откажат од овој порок

09/06/2025

AA

Пушењето е порок со кој се соочува голем
дел од македонското население, а воедно на луѓето им е многу тешко да се
откажат од оваа штетна навика. Постојат луѓе кои се обидувале да се откажат од
цигарите, но по неколку дена или недели пак продолжиле по старо. Има и пушачи
кои правеле пауза од неколку години, но потоа повторно почнале да пушат.
Психологот Наташа Бекирова вели дека воопшто не е лесно пушачите да се откажат
од пушењето.

„Во својата пракса сум сретнала многу луѓе, од тинејџери до
возрасни, кои се борат со навиката на пушење. Македонија, за жал, сè уште е
меѓу земјите со висока стапка на пушачи, а загрижувачки е што се повеќе млади
започнуваат со пушење уште во средношколска возраст. Ослободувањето од пушењето
ретко е лесен процес. Пушењето често не е само физичка зависност од никотин,
туку и психолошки механизам за справување со стрес, анксиозност, досада или
дури и осаменост. Многу луѓе пушат „да се смират“ или „да се опуштат“, па кога
ќе се обидат да престанат, се соочуваат со силни емоционални предизвици. Често се случува луѓето да
прекинат со пушење извесен период, но потоа да се вратат на навиката, понекогаш
дури и со зголемена интензивност. Ова се нарекува „рецидив“ и е чест дел од
процесот на откажување. Тоа не значи дека не успеале, туку дека им е потребна
посеопфатна поддршка: психолошка, едукативна и социјална“,
вели  Бекирова.

Објаснува дека најефективниот пристап е
кога се комбинираат повеќе методи: психотерапија, поддржувачка група, развивање
нови здрави навики и понекогаш фармаколошка помош (во консултација со лекар).

„Клучен е и внатрешниот мотив: зошто сакаат да престанат. Кога
причината е длабока и лична (здравје, дете, квалитет на живот), шансите за
успех значително растат. Важно е луѓето да знаат дека е во ред да побараат помош и дека
секој чекор кон ослободување од порок е вреден, дури и ако патот не е линеарен“, додава психологот.

Граѓаните велат дека силната волја е пресудна
за откажување од цигарите.

„Карактерот е важен. Почнав на 15
години,  пушев цели 35 години и се
откажав. Цената на цигарите придонесе да се откажам. Бев карактерна, не паднав
во искушение да запалам цигари. Колку и да има цигари околу мене, нема веќе да
запалам и тоа е карактер“, вели жена која долги години пушела.

Друга жена која долги години пуши рече дека
не може да се откаже од цигарите. Се дружела со пушачи и така почнала да
консумира цигари.

„Јас почнав да пушам после 40 години
возраст. Дневно пушам по 10 цигари. Моето друштво додека пушеа кога бевме
млади, јас бев против, а потоа и јас почнав“, рече Марина Илијевска, пушач.

Статистичките податоци од Светската
здравствена организација покажуваат дека нашата земја има висока стапка на
пушење, имено над 46 проценти од возрасните мажи и 27 проценти од возрасните
жени користат тутун или производ што содржи никотин. Седум од десет пушачи пушат од
детството. Годишно како последица на пушење умираат 4.000 луѓе. Во Европа има и
земји каде стапката на пушачи е минимална, односно едноцифрена бројка. Франција неодамна забрани пушење на плажите, во парковите и пред училиштата. Полицијата ќе контролира дали забраната се почитува. Ова почнува да важи од 1 јули.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy