Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПУШАЧИТЕ МЕЃУ ЗДРАВЈЕТО И ПРОФИТОТ – како ќе се постапува на ова прашање, ќе се заштити јавноста, или ќе се остави „сами да му ја мислат“
Економија

ПУШАЧИТЕ МЕЃУ ЗДРАВЈЕТО И ПРОФИТОТ – како ќе се постапува на ова прашање, ќе се заштити јавноста, или ќе се остави „сами да му ја мислат“

29/02/2024

AA

Македонците се најголемите корисници на цигари во регионот, а и пошироко, покажаа последните истражувањета направени на ова поле. Скоро половина од населението, или високи 48,40 проценти од жителите пушат цигари, за споредба во земјите од Југоисточна европа тој процент достигнува 22,30 отсто. 

Дополнително, истражувањето кое го направи невладината организација „Аналитика“ покажа дека голем процент од малолетниците исто така пушат цигари, и што е уште полошо просечна возраст на започнување е 13,5 години. 

Посебен проблем е здравствениот аспект, иако е општо познато дека пушењето носи многу здравствени ризици, тоа не е доволно експонирано, па голем дел од пушачите дури и забораваат на опасностите. 

Докторите укажуваат дека пушењето или никотинот влијае врз мозокот и централниот нервен систем, но воедно и го потиснува апетитот, што е причина за прболеми со тежината, но намалување на апетитот на конзументите. Дополнително јаглерод моноксидот и катранот кои се дел од цигарите може да предизвикаат болести на дишните патишта, срцеви заболувања и рак. 

Колку податоците за ризиците кои ги носи пушењето врз јавното здравје, но и потребата од поголеми финансии од буџетите на државата за лекување на различни болести и зачувување на здравјето на младите се причина за идни поригорозни или посеопфатни мерки за сузбивање на навиките е тема на која побаравме мислење од двете најголеми политички партии во земајва со оглед дека сега се кројат предизборните кампањи и ни следуваат двојни избори пролетва. 

Акцент ставивме на плановите да се сузбие пушењето во затворен простор, во угостителски објекти, и во јавни институции, за кои граѓаните кажуваат дека иако е забрането често се наоѓаат „мртви точки“ каде се пуши, а дополнително постојано има луѓе низ ходниците со електронски цигари, кои не се внесени во ниедна категорија и како „полулегални“ се конзумираат насекаде. 

Од најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ потсетуваат дека во нашата земја веќе има „позитивно законско решение за регулирање на пушењето, закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ којшто предвидува и санкционирање“. 

 – Тоа што се случува сега е резултат од 2017 година, кога на фотографија во медиумите се гледа Љупчо Николовски со полн пепелник во министерска канцеларија, за сега да сведочиме “забава” на ДУИ во Собранието со цигари и пури. Не ги обвинувам граѓаните, со оглед на несовесноста на носителите на власта – посочуваат од ВМРО. 

 Од партијата сметаат дека најдобро решение за намалување на пушењето потребно е едноставно да се почитуваат законите, и истакнуваат дека нема друго решение. 

– Но ако министри не почитуваат, не може тоа да го барате од граѓаните. Тоа што се случува е тежок политички кич. Апсолутно најважно е почитувањето на здравјето на граѓаните. Не може да се води државна политика делумно, да се ползува, во случајов, поскапувањето на цигарите како мерка кон намалување на пушењето, а од друга страна да се кршат закони во канцеларии или да се менува по потреба на функционери – појаснија од партијата. 

Со оглед на зачестените поплаки од граѓаните за конзумирањето разни типови на електронски цигари, или цигари на несогорлив тутун, прашавме дали во иднина ќе се вклучат и новите типови цигари во рестриктивните мерки, однсоно дали ќе важат и за нив забраните за конзумирање во затворен протор. 

– Секако дека ќе се разгледаат сите аргументи и ќе се преземе тоа што е препорака, а секако и тоа што е сега веќе норма во развиените држави. Најважно, законите мора да се почитуваат и тоа да важи за сите, без исклучок. Не може да има повик од министер за здравство како што имаше, а само неколку дена потоа, претседател на Собрание со партискиот лидер да пуши во Собранието, а за тоа нема одговорност. Тоа не смее да се случува – потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ. 

Од владејачката СДСМ и покрај нашето инсистирање, не добивме став околу плановите за заштита на јавното здравје на граѓаните од шететните ефекти на цигарите, било да се обични или електронски, ниту пак програма за заштита на непушачите. 

Истражувачкиот центар „Аналитика“ повикува на зголемување на акцизите за цигарите како едно од најбрзите решенија за намалување на користењето на цигарите во земјава. Според нив, со зголемување на акцизата, приливите во државниот буџет ќе пораснат од 227 до 312 милиони евра, но посебна придобивка ќе биде намалувањето на бројот на пушачите и намалувањето на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. 

П.О.

Фото: freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
Македонија

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска

28/11/2026
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46977
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА Во „Бехтел и

28/11/2026

Околу 1.200 нови, добро платени работни места се отвораат со забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Вицепремиерот и

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19 години од Охридско побарала помош

28/11/2026

Девојка на 19 години од Охридско во петокот, 28 ноември пријавила семејно насилство во полицијата. Според нејзината пријава, во нападот

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска не гледа логика во најавениот

28/11/2026

Проектот за проширување на мерката за субвенциониран студентски оброк преку апликацијата „М-услуги“ се развива со забрзано темпо, информираше денеска министерката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy