
Пункт за донации на плоштадот во Скопје по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
На пункт на плоштадот Македонија отворен по разорниот земјотрес во Турција и Сирија, граѓани можат да донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што им е неопходно на луѓето погодени во земјотресот.
Пунктот е отворен 24 часа.
Над 5.000 луѓе досега загинаа во серијата земјотреси во југоисточниот дел на Турција и северна Сирија, а спасувачите се во потрага по преживеани под урнатините.