
Пукна водоводна цевка во Центар, поплавени улици, објекти, домови!
Утрово пукна цевка широка повеќе од половина метар во Центар.
Од големата количина на излеана вода се поплавиле улиците, како и дел од објектите и домовите во непосредна близина.
Повеќе скопски населби во околината на дефектот од 8:30 часот се без вода, а од Водовод информираат дека екикпи со комплетна механизација од утрово се на терен и го санираат дефектот.
Поради дефектот, без вода за пиење се дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц „Ист Гејт“, објектите покрај бул.„Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна станица, а со намален притисок се и населбите Маџари и Хиподром.