
Пукале на свадба во Куманово, едно лице повредено!
На 11.11.2023 во 17.15 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Е.Г.(29) од Куманово и од него е одземен пиштол, затоа што, според пријавеното на семејна веселба на 11.11.2023 во с. Черкези, кумановско од пиштол испукал неколку куршуми, при што го повредил Е.М.(25) од Куманово. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.