
ПУКАЛ КОН ВОЗАЧОТ, ПА ЈА ГРАБНАЛ СОПАТНИЧКАТА Охриѓанец ќе одговара за обид за убиство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ по чл.123 од Кривичниот законик.
Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со пиштол пукал кон паркиран автомобил „голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил.
.

