
Пукање во училиште во Германија, ученик ранил соученик
Ученик во училиште во германскиот град Офенберг со огнено оружје ранил соученик, пренесува Билд.
Полицијата околу 13 часот соопшти дека осомничениот е уапсен во рамки на голема акција во училиштето во Офенберг, а станува збор за малолетна оса. Се сомнева дека ученик со огнено оружје ранил соученик, објави Билд.
Според тој германски таблоид, во акцијата учествувале четири полициски хеликоптери и десетици полицајци на терен. Околу 180 ученици се евакуирани од зградата и предадени на нивните родители.
Полицијата во моментов ги пребарува просториите за можни дополнителни сторители или сомнителни предмети.
Според Билд, тоа е специјално училиште за деца со потешкотии во учењето.