
Пукање во Горна Матка
Вчера во 12.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горна Матка, општина Сарај, Ш.И.(36) од с.Грчец, Скопско, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје.
Според пријавеното, додека се движел пеш, две лица испукале проектили кон него и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.