
ПУКАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Неколку лица убиени!
Неколку лица се убиени и повредени денес во напад во Лаутлинген, во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, на југозападот на земјата, соопшти полицијата. Напаѓачот се сомничи дека е ловец, објави Билд. На местото на настанот излегле возила на спасувачките служби, како и два хеликоптери.