
Пукање попладнево на Бит пазар
Маж е повреден со огнено оруже попладнево во Скопје. Пукањето се случило во близина на поликлиниката кај Бит Пазар, а како што дознава МКД.мк од неофицијални извори, повредено е едно лице.
Во моментов во тек е увид, а повредениот е префрлен во болница.
За карактерот на повредите, идентитетот на повредениот и причините за инцидентот официјални детали од МВР ќе има во текот на денов.
