
Пукање на веселба во Куманово, уапсени две лица!
На 31.07.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (30) и С.М.(25), двајцата од Куманово.
Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за кои постои сомнение дека со нив пукале на веселбата.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.