Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врачени првите уверенијата за кандидати за пилоти
Македонија

Врачени првите уверенијата за кандидати за пилоти

01/08/2025

AA

Десет лица се стекнаа со Уверенија за кандидати за пилоти по Јавниот повик за обука на пилоти што беше објавен од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски им ги врачија уверенијата.

Агенцијата со 50 проценти ќе ја кофинансира обуката на избраните кандидати, тие ќе се обучуваат за пилоти на лесни авиони.

Овој проект, истакна вицепремиерот Николоски бил потребен како ургентен во авиосекторот бидејќи државата се соочува со дефицит на пилоти, а ќе биде од голема важност за цивилното воздухопловтсво.

“Навистина ова е еден убав настан, се работи за една благородна професија и она што постојaно го повторувам е дека со сите оние работи што ги правиме покажуваме дека Македонија може и има капацитет да води големи проекти и да ја вратиме самодовербата и достоинството кај народот. Ако во некои други времиња било настан да се обучи некој за пилот, сме ги знаеле и по име, неколку пилоти кои ги има Македонија, еве денеска почнуваме со обука на луѓе кои што вкупно не биле обучени во минатото. Но тука сме да ги согледуваме состојбите и да ги решаваме. Ќе продолжиме со подршката, ќе стимулираме уште, многу е важно дека процесот е отворен и транспарентен се надевам дека на следниот повик ќе има уште повеќе кандидати и дека истите покрај во државниот сектор ќе бидат ангажирани и во државниот сектор. На пример вчера компанијата Визер објави дека има преку 200 вработени во Македонија што е една фабрика од средна категорија, таа бројка може да расте и ќе расте доколку имаме соодветен потенција и капацитет. Еден по еден гледаме да ги затвараме секторите, почавме со најургентните, продолжуваме со секторите кои сега покажуваат ургентност и се надевам дека во еден цисклу од 4 години работите ќе бидат многу многу подобри” – истакна вицепремиерот Николоски

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство најави дека веќе во поноеделник ќе се распише нов јавен повик за обука на уште 9 пилоти.

“На средбите со вицепремиерот ја констатиравме како критична состојбата со воздухополовен пероснал и затоа одлучивме дел од средствтата од Агенцијата да ги насочиме кон еден ваков проект. Со ова ќе создадеме нови воздухопловци, ќе ги раздвижиме состојбите во спортските клубови и спортските аеродроми кои низ годините се со огромни проблеми а кои во минатото биле основ за создавање на персонал од кои корист имала државата. За следната година очекувам да предвидиме двојно повеќе средства за нови кандидати за понапредни обуки”- истакна Драги Стојаноски, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy