Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Македонија: Нови директни летови од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака
Македонија

ТАВ Македонија: Нови директни летови од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака

01/08/2025

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост најавува нови возбудливи директни авиолинии до главни европски дестинации: Стокхолм (Шведска), Бари (Италија), Мадрид (Шпанија), Прага (Чешка), Келн (Германија) и претходно најавената Ларнака (Кипар), на кои ќе сообраќа Визер.

Ова претставува чекор напред во подобрувањето на воздушната поврзаност на Меѓународниот Аеродром Скопје и патниците од неговото пошироко подрачје.

Со овие нови дополнувања, Меѓународниот Аеродром Скопје и натаму се позиционира како растечки регионален центар, нудејќи им на патниците поширок избор на директни летови до дестинации за одмор и бизнис. Новите дестинации, исто така, придонесуваат кон мисијата на ТАВ Македонија за олеснување на мобилноста и пристапноста, а воедно и одржување на највисоките стандарди за безбедност, ефикасност и патничко искуство.

„Овие нови авиолинии ја демонстрираат посветеноста на ТАВ Македонија за проширување на поврзаноста и можностите за патување. Обезбедувањето дестинации како Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака – особено новите пазари – бара долгорочни преговори и тесна соработка со авиокомпаниите и туристичкиот сектор. Како аеродромски оператор со визија и стратегија да го направи Меѓународниот Аеродром Скопје регионален центар, со огромната поддршка од Владата, и нашата програма за стимулации, нашата цел е привлекување авиопревозници, особено за воведување летови до популарни дестинации за одмор. Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив раст на сообраќајот,” – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзуваат патниците со различни возбудливи дестинации: Стокхолм за скандинавската култура, Бари како порта кон Јужна Италија и јадранскиот брег, Мадрид како клучен европски центар за бизнис и рекреација, Прага со својот историски шарм на Централна Европа, Келн, енергичен град на Рајна, познат по својата богата историја и живописна култура, и Ларнака, популарна дестинација на медитеранските плажи во текот на целата година.

Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на Визер за Стокхолм, Бари и Мадрид со по 3 неделни летови, Прага и Ларнака со по 2 лета неделно. Летовите до овие нови авиолинии ќе стартуваат со почетокот на зимската сезона 2025/2026, т.е. крајот на октомври, почетокот на ноември и декември, соодветно, со што ќе им се овозможи на патниците на скопскиот аеродром поголем пристап до клучните културни, економски и туристички центри низ Европа, со Визер како нискобуџетна авиокомпанија која нуди  комплетни услуги.

Патниците можат да ги резервираат своите летови директно преку веб-страницата на Визер, https://www.wizzair.com/en-gb.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy