Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ЌЕ ДОБИЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА КАКО ДИВИДЕНДА ОД ОКТА – Собранието „пресече“, еве колку ќе инкасира главниот акционер
Економија

„ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ЌЕ ДОБИЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА КАКО ДИВИДЕНДА ОД ОКТА – Собранието „пресече“, еве колку ќе инкасира главниот акционер

31/05/2023

AA

Собранието на акционери на Скопската рафинерија ОКТА дефинитивно пресече – ќе има исплата на дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. 

Овој предлог, како што веќе пишуваше Фактор, го даде еден од позначајните акционери на таа компанија, „Пуцко Петрол“, која поседува над 10 отсто од акциите. 

Но, за овој предлог на „Пуцко петрол“ требаше вчера да се изјасни и Собранието на акционери, што и се случи, така што исплатата на оваа значајна сума на дивиденда и дефинитивно ќе биде реалност. 

„Се одобрува исплата на дивиденда од кумулативна акумулирана добивка од претходните години, во вкупен бруто износ од 184.506.480 денари или приближно три милиони евра, односно дивиденда во бруто износ од 218 денари по акција, согласно условите предвидени во одлуката за утврдување на дивиденден календар. Акционерите на ОКТА ќе бидат известени за исплатата на дивидендата преку објава на интернет страниците на ОКТА и на Македонската берза“, се вели во објавата од компанијата испратена до Македонската берза. 

Ова значи дека солиден износ на дивиденда ќе добие доминантниот акционер на скопската рафинерија, а тоа е грчката компанија ЕЛ.П.ЕТ. Балканике петролеум, која поседува најголем и управувачки пакет од 81,51 отсто од акциите, како и „Пуцко петрол“ од Пласница, компанија трговец со нафтени деривати, која располага со 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА. 

Или, според пресметките, „Пуцко петрол“ би требало да добие дивиденда во бруто износ од 326 илјади евра за своите акции во ОКТА.

Додека, пак, доминантниот акционер, ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум, ќе добие на свое конто 2,45 милиони евра како дивиденда од скопската рафинерија ОКТА.

Покрај акциите со кои располагаат ЕЛ.П.ЕТ Балканике и „Пуцко петрол“, во компанијата акционери се и 1.279 домашни физички лица, кои поседуваат 6,97 отсто од акциите, како и 20 странски физички лица, кои располагаат со 837 акции.

Од компанијата информираат дека дивидендата ќе биде исплатена на трансакциските сметки на акционерите. Последен ден на дргување со право на дивиденда е 21 јуни годинава, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 22 јуни. Датумот на кој се определува листата на акционери со право на дивиденда ќе се утврди врз основа на акционерската книга на 23 јуни годинава, до 16 часот. 

Исплатата на дивиденда ќе се изврши започнувајќи од 26 јули годинава, а не подоцна од 30 септември, исто така оваа година. 

Инаку, во образложението од „Пуцко петрол“, кој ја предложи исплатата на оваа дивиденда, беше потенцирано дека компанијата оваа дивиденда може да си ја дозволи, бидејќи од претходните години има доволно акумулирана добивка, или прецизно дури 33,6 милиони евра, и тоа е сума без да се смета добивката од претходната 2022 година. Така што, сметаат од Пуцко, во оваа сума има доволно средства за да се подели дивиденда од три милиони евра.

Инаку, за минатата година, ОКТА оствари добивка од девет милиони евра, но одлучи да ја реинвестира во производство на електрична енергија. Имено, со сумата од добивката, ОКТА ќе гради фолема фотонапонска централа од 12 мегавати.За овој бизнис потег ќе бидат искористени сопствените ресурси.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН НА РЕЗУЛТАТИ Препораки од Мешовитиот

25/09/2026

Европската Унија ја потврдува поддршката за патот на Северна Македонија кон полноправно членство, но истовремено бара видлив напредок во владеењето

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy