Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ЌЕ ДОБИЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА КАКО ДИВИДЕНДА ОД ОКТА – Собранието „пресече“, еве колку ќе инкасира главниот акционер
Економија

„ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ЌЕ ДОБИЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА КАКО ДИВИДЕНДА ОД ОКТА – Собранието „пресече“, еве колку ќе инкасира главниот акционер

31/05/2023

AA

Собранието на акционери на Скопската рафинерија ОКТА дефинитивно пресече – ќе има исплата на дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. 

Овој предлог, како што веќе пишуваше Фактор, го даде еден од позначајните акционери на таа компанија, „Пуцко Петрол“, која поседува над 10 отсто од акциите. 

Но, за овој предлог на „Пуцко петрол“ требаше вчера да се изјасни и Собранието на акционери, што и се случи, така што исплатата на оваа значајна сума на дивиденда и дефинитивно ќе биде реалност. 

„Се одобрува исплата на дивиденда од кумулативна акумулирана добивка од претходните години, во вкупен бруто износ од 184.506.480 денари или приближно три милиони евра, односно дивиденда во бруто износ од 218 денари по акција, согласно условите предвидени во одлуката за утврдување на дивиденден календар. Акционерите на ОКТА ќе бидат известени за исплатата на дивидендата преку објава на интернет страниците на ОКТА и на Македонската берза“, се вели во објавата од компанијата испратена до Македонската берза. 

Ова значи дека солиден износ на дивиденда ќе добие доминантниот акционер на скопската рафинерија, а тоа е грчката компанија ЕЛ.П.ЕТ. Балканике петролеум, која поседува најголем и управувачки пакет од 81,51 отсто од акциите, како и „Пуцко петрол“ од Пласница, компанија трговец со нафтени деривати, која располага со 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА. 

Или, според пресметките, „Пуцко петрол“ би требало да добие дивиденда во бруто износ од 326 илјади евра за своите акции во ОКТА.

Додека, пак, доминантниот акционер, ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум, ќе добие на свое конто 2,45 милиони евра како дивиденда од скопската рафинерија ОКТА.

Покрај акциите со кои располагаат ЕЛ.П.ЕТ Балканике и „Пуцко петрол“, во компанијата акционери се и 1.279 домашни физички лица, кои поседуваат 6,97 отсто од акциите, како и 20 странски физички лица, кои располагаат со 837 акции.

Од компанијата информираат дека дивидендата ќе биде исплатена на трансакциските сметки на акционерите. Последен ден на дргување со право на дивиденда е 21 јуни годинава, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 22 јуни. Датумот на кој се определува листата на акционери со право на дивиденда ќе се утврди врз основа на акционерската книга на 23 јуни годинава, до 16 часот. 

Исплатата на дивиденда ќе се изврши започнувајќи од 26 јули годинава, а не подоцна од 30 септември, исто така оваа година. 

Инаку, во образложението од „Пуцко петрол“, кој ја предложи исплатата на оваа дивиденда, беше потенцирано дека компанијата оваа дивиденда може да си ја дозволи, бидејќи од претходните години има доволно акумулирана добивка, или прецизно дури 33,6 милиони евра, и тоа е сума без да се смета добивката од претходната 2022 година. Така што, сметаат од Пуцко, во оваа сума има доволно средства за да се подели дивиденда од три милиони евра.

Инаку, за минатата година, ОКТА оствари добивка од девет милиони евра, но одлучи да ја реинвестира во производство на електрична енергија. Имено, со сумата од добивката, ОКТА ќе гради фолема фотонапонска централа од 12 мегавати.За овој бизнис потег ќе бидат искористени сопствените ресурси.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy