
Пу пу не важи ветувањето?! Арсовска наместо нова партија, ќе стане претседателка на стара
Скопската градоначалничка почна со собирање на потписи за основање на сопствена партија, но ќе влезе на политичката сцена преку веќе постоечки субјект.
Данела Арсовска утре ќе биде назначена за нов претседател на политичката партија „Нова Алтернатива“, соопштуваат од партијата.
Всушност, станува збор за партијата на поранешниот пратеник Ѓорѓи Оровчанец. Тој беше и министер за здравство во време на Љубчо Георгиевски. Во последните изборни процеси за локални избори, но и за парламентарните во 2016 година, партијата била коалиционен партнер на СДСМ.
Инаку, според досегашните објавени информации во медиумите, плановите на Арсовска се партијата наводно да се вика Правда, а седиштето да е на локација каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот близок соработник Драган Митковски.