
ПСЖ тргнува без Мбапе во спектаклот со Баерн Минхен (ФОТО)
На „Паркот на принцовите“, Кристоф Галтие тргнува со формација 4-4-2 во која Меси и Нејмар се најистурени, а поддршка ќе имаат по крилата од младиот Заир-Емери и Солер. Баерн, пак, игра во формација 4-2-3-1 со Коман и Сане како странични, Мусиала како плејмејкер, а Чупо-Мотинг најистурен во нападот.
Во вториот вечерашен меч во Милано, италијанскиот првак Милан го пречекува Тотнем кого Сон и Кулушевски како поддршка за Кејн го предводат нападот во формацијата 3-4-3, додека Милан и Силвио Пиоли тргнуваат со 4-3-3 со Брахим Дијаз, Оливие Жиру и Рафаел Леао во нападот.