
ПСЖ со пресврт го уништи Лил
Лил по само шест минути ги шокираше домаќините и погоди за водство од 1-0, но тоа го разбуди ПСЖ кој тргна со сите сили по победата.
Рамош во 10. минута израмни на 1-1, а потоа Александро со автогол им донесе предност на парижаните од 2-1.
Победата за екипата на Луис Енрике ја обезбеди Коло Муани во завршницата од натпреварот, кога погоди за 3-1.
ПСЖ е лидер со 50 бодови во Лига 1, односно 11 повеќе од Ница, додека Лил е четврти со 35 бода.