Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПСЖ првак, Ланс во ЛШ, Монако ќе извиси за Европа, Нант пред испаѓање
Спорт

ПСЖ првак, Ланс во ЛШ, Монако ќе извиси за Европа, Нант пред испаѓање

27/05/2023

AA

Откако во минатото коло ПСЖ осигура нова шампионска титула, Ланс вечерва со победата со 3-0 обезбедена во првото полувреме го завери директниот пласман во Лигата на шампионите, а Монако со поразот од Рен излезе од зона за Европа после претпоследното 37. коло во француската Лига 1.

Мачадо, Томасон и Опенда дадоа голови во период од 16-та до 35-та минута за Ланс да направи убедлива предност против Ажаксио и на крај да триумфира со 3-0 за да го потврди вицешампионското место, па убедливата предност и фактот дека нема да може да стигнат го опушти Олимпик Марсеј, кој загуби дома со 1-2 од Брест и со третата позиција оди во квалификациите за пласман во мултимилионската елита.

До пред повеќе од еден месец, Монако беше во трка и за место во ЛШ, ама после вечерашниот пораз со 0-2 кај Рен, сега „кнезовите“ излегоа и од зона за Европа, па Лил со победата со 2-1 против Нант сега е четврти со 66 бода за позиција за Лига Европа, а Рен е на петтото место за позиција за Конференциска лига со 65 бода, додека Монако остана на 65 бода ама сега со послаб меѓусебен скор. Лион со триумфот со 3-0 против Ремс сега има 62 бода и теоретски може да го стигне Рен за излез во Европа.

На дното, пак, Оксер после бодот со ремито 1-1 кај Тулуз направи чекор поблизу до опастанокот, а Нант со поразот кај Лил е на чекор до испаѓање. Нант остана на 33 бода, сега два зад Оксер во директната борба за спас. Троа, Ажаксио и Анже веќе од поодамна се испаднати.

Последното коло се игра во сабота кое ќе ги разреши сите дилеми, а Нант има лесна задача дома со последниот Анже и му треба победа, додека Оксер игра дома против Ланс, кој со заверката на директното место во ЛШ сега нема никаков реузлтатски императив.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45334
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy