
ПСЖ не ја исклучува опцијата Мбапе да седи на клупа додека не го продолжи договорот!
Бидејќи ПСЖ нема намера да го загуби без да заработи, а Мбапе има рок до крајот на месецов да ја активира клаузулата од актуелниот договор за продолжување до 30 јуни 2025 година, парижаните се спремни да го продадат за 200 милиони евра, но имаат и втора опција ако не успеат во тоа – да го седнат да биде резерва.
Според последните информации, ПСЖ не ја исклучува опцијата „мобинг“ и Мбапе воопшто да не заигра додека не се освести и не ја продолжи соработката. Но, барем засега блиски луѓе до фудбалерот потенцираат дека Мбапе е решителен да истрпи сѐ, па макар и цела сезона да не заигра фудбал.
Негова следна дестинација сѐ поизвесно е дека ќе биде Реал Мадрид.
