Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПСЖ го распарчи Динамо Букурешт, Магдебург го доби дербито против Веспрем
Спорт

ПСЖ го распарчи Динамо Букурешт, Магдебург го доби дербито против Веспрем

16/02/2023

AA

Ракометарите на ПСЖ беа подобри од Динамо Букурешт на домашен терен со 33-26, додека Магдебург запиша убедлив триумф против Веспрем од 32-25 во Лигата на шампиони (ЛШ).

Францускиот гигант уште во првото полувреме ја најави победата, откако на паузата замина со водство од 17-14.

ПСЖ го отвори вториот дел со два гола и избега на пет разлика (19-14), по што Динамо Букурешт имаше неколку обиди да се врати во игра, меѓутоа не можеше да му парира на ривалот.

Пранди постигна шест голови за ПСЖ, додека на спротивната страна најдобар беше Хумет со седум погодоци.

Бундеслигашот Магдебург оствари голема победа над Веспрем (32-25) со што се искачи на второто место поради подобриот меѓусебен резултат од унгарскиот тим.

Првото полувреме беше израмнето, а на полувреме со водство од еден гол замина Магдебург (16-15), по што Веспрем во вториот дел израмни на 16-16 и потоа се играше гол за гол до 19-19.

По црвениот картон на Пешмалбек почна распадот во екипата на Веспрем, а Магдебург набрзо избега на 25-20 и потоа без мака ја зголемуваше предност до 32-25.

Најдобар во победничкиот тим беше Смитс со девет голови, додека Нилсон и Штрлек постигнаа по пет за Веспрем.

Победа запиша и екипата на Пик Сегед против Кил од 36-33 со што обезбеди осминафинале во ЛШ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy