Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПСЖ го исчисти јужноамериканскиот клан (ФОТО)
Спорт

ПСЖ го исчисти јужноамериканскиот клан (ФОТО)

15/08/2023

AA

Проектот на ПСЖ отиде во друг правец, јужноамериканскиот клан повеќе го нема, единствен кој останa е Кејлор Навас, но и за него се бара нов клуб и се очекува голманот да замине до крајот на преодниот рок.

Изминативе години често имаше стории за нетрпеливост во соблекувалната на ПСЖ и поделба на кланови, тој на фудбалерите од Јужна Америка бил доминантен и често правел проблеми.

Проектот на „светците“ сега оди во друг правец, за нешто повеќе од една година, ПСЖ го исчисти јужноамериканскиот клан.

По освојувањето на титулата во Лига 1 во сезоната 2021/2022, Нејмар на социјалните мрежи објави фотка од прослава на која присуствуваа Лео Меси, Анхел Ди Марија, Серхио Рамос, Мауро Икарди, Леандро Паредес, Андер Ерера и Кејлор Навас.

По денешниот трансфер на Нејмар во Ал Хилал, од оваа група фудбалери остана само Кејлор Навас, но се очекува и тој да си замине до крајот на преодниот рок, активно му се бара нов клуб.

Анхел Ди Марија како слободен играч замина од Париз летото во 2022 откако ПСЖ не му понуди нов договор, а Андер Ерера беше испратен на позајмица во Атлетик Билбао, неговиот трансфер на „Сан Мамеш“ стана перманентен во јануари 2023 година.

Лео Меси ова лето замина откако му заврши договорот, исто како и Серхио Рамос, на кого не му беше понудена нова соработка.

Мауро Икарди беше продаден на Галатасарај, а Леандро Паредес е пред трансфер во Рома откако двата клуба си подадоа рака.

CAMPEONES 🏆 pic.twitter.com/K78Ne5Aunb

— Neymar Jr (@neymarjr) April 24, 2022

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy