Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАЈУСПЕШНИ“ ВО 2022: Се регистрирале како „тендерџии“ и веднаш добиле договор
Економија

„НАЈУСПЕШНИ“ ВО 2022: Се регистрирале како „тендерџии“ и веднаш добиле договор

16/08/2023

AA

Бирото за јавни набавки во објавениот извештај за 2022 ги наброја фирмите кои добиле милионски тендери за кратко време по нивното регистрирање како претпријатие во системот за учество во јавните набавки.

На прво место е тендерот на националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО, фирмата-ќерка на МЕПСО, за набавка на трговска платформа на која започна со работа берзанското тргување со струја ден однапред во земјата. BSP Energetska Borza од Љубљана ја регистрирала фирмата во ЕСЈН на 1 март 2022, а тендерот од 1,5 милиони евра го добила на 28 јуни, односно за помалку од четири месеци.

Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла склучило договор за набавка на електрична енергија во вредност од 23,6 милиони денари на 22 март лани со струмичката СБП Енерџи Продакшн, иако операторот се регистрирал како друштво-учесник во системот за јавни набавки само 67 дена порано. Истата фирма за само 45 дена за 79.000 евра склучила договор за снабдување со струја на Општина Македонска Каменица.

Владината Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој (АФПЗРР) на тендер за 20 милиони денари набави 745 тони првокласни јаболка како бесплатна здрава ужинка на 185.000 ученици и ученички во сите основни школи ширум Македонија, но операторот Еуро Кост што го склучил договорот на 29 ноември лани за откуп, дистрибуција и пакување „се регистрирал“ во системот само 63 дена порано.

„Ангела-Јана Дооел“ од Иловица, Босилово, го добил тендерот на Национален парк Маврово за сеча и дотур на дрво во висина од 13,2 милиони денари на 17 јуни 2022, иако фирмата постоела само два месеци во системот. Кумановската „N&M-Травел“ со средното кумановско училиште „Киро Бурназ“ склучило договор за превоз на ученици од 13,1 милиони денари за само неверојатни 15 дена откако се нашла во регистарот на претпријатија.

Тука се и МВР, кој го избрал Ателје Џибони за набавка на канцелариски и репрезентативен материјал од 75.000 евра по 45 дена од регистрацијата, како и Агенцијата за електронски комуникации со Солушнс Плејс за одржување на хигиена за речиси 100.000 евра.

Од останатите што добиле тендери за над 100.000 евра, главно се оператори кои работеле за локални самоуправи.

Рекордер е ТС-ТС Дооел  кој по само осум дена од неговото внесување во системот добил тендер од Општа болница Кавадарци за храна за болни од 5.250.000 денари.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy