
ПСЖ без муниција на гостувањето кај Клермон
Килијан Мбапе имаше одличен удар во 32. минута од натпреварот, но голманот на Клермон беше на висина на задачата. Само неколку минути подоцна се закани и Осман Дембеле, но ниту тој не успеа да го матира чуварот на мрежата на домаќините.
Рамош во 83. минута излезе еден на еден, но повторно Мори Диа го спаси голот на Клермон и обезбеди бод за неговиот тим.
ПСЖ останува на втората позиција со 12 бодови, односно еден помалку од лидерот Брест.
