
ПСВ и Тен Хаг „на апарати“: Санчо по три минути му донесе водство на Дортмунд (ВИДЕО)
„Милионерите“ почнаа фуриозно и во само 180 секунди прво имаа две убави шанси, а потоа ја затресоа мрежата на гостинот и тоа благодарение на фантастичниот удар на повратникот Џејдон Санчо. Ова е негов прв погодок по враќањето на „Сигнал Идуна Парк“ и тоа на заем од таборот на Манчестер Јунајтед, каде што буквално беше избркан од тренерот Ерик Тен Хаг.
Првата средба во Ајндховен заврши нерешено (1-1) што значи дека Борусија во моментов е чекор поблиску до посакуваниот пласман меѓу осумте најдобри во европската елита.