
Првото летало на македонската авијација – „Илинденка“ е изложено денеска на спортскиот аеродром Стенковец
Првото летало на македонската авијација – „Илинденка“ е изложено денеска на спортскиот аеродром Стенковец, каде се одржува свеченост со голем аеромитинг по повод 100 години македонска авијација.
Илинденка е произведена во фабриката „20 Мај“ во Скопје. Првиот лет со едрилицата е изведен во 1955 година, а ќе остане запаметена по своето учество на светското едриличарско првенство во Полска, во 1958 година, како дел од тогашната репрезентација на СФРЈугославија.
Илинденка, како што посочи Ковачевски, отворила пат за создавање серија вакви едрилици кои биле испратени ширум поранешни Југославија каде добивале само пофалби со оценки и кои ги вбројувале меѓу најдобрите во светот. Убаво е кога историјата ни е добро сочувана за да им раскажуваме на помладите генерации кои се денес тука меѓу нас.
Ковачевски истакна дека денес на годишнината од 100 години македонска авијација со гордост можеме да кажеме дека ние сме НАТО, а нашата следна дестинација е ЕУ.
