
Првото бебе во Охрид е машко – измината ноќ се родиле дури пет бебенца!
Во Охрид за време на новогодишната ноќ се родиле пет бебенца.
Првото бебе родено оваа година на свет дошло во 1:54 часот, и е здраво машко дете тешко 2.730 грама.
Инаку, во сега веќе старата 2023 година во Охрид се родени 503 бебиња, од кои 320 женски.
