
Првото бебе во Гостивар е девојче
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, денеска му додели ваучер од 30.000 денари на првото бебе родено во 2025 година во Гостивар. Бебето, девојче со тежина од 3,5 кг, се роди во 12:40 часот во Општата болница „Ферид Мурат“ и е во добро здравје. Лимани изрази надеж дека оваа година ќе донесе повеќе новороденчиња.

