Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прво рочиште за мачењето на кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат најстроги казни
Магазин

Прво рочиште за мачењето на кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат најстроги казни

26/02/2025

AA

За денес е закажано првото рочиште од судењето против лицето кое го удираше бездомното куче Феликс што почина неколку недели подоцна.

Рочиштето следува по објавувањето на вознемирувачката видеоснимка од мачењето на кучето во Момин Поток, а по што Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава.

Според обвинението, двајцата соизвршители на 19 ноември 2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс – мажјак, црна боја, на возраст околу една година.

Првообвинетитот со тврд предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди.

Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво.

Феликс почина како последица на повредите на 7 јануари годинава.

Од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излегоа со реакција еден ден пред почетокот на судењето.

„Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано, најкрвнички и со сета сила, без кој било да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; но затоа асистенти кога требаше околу врат да се врзе со метална жица, влече и фрли како ѓубре. Соучесници. И ова немаше да го видиме, ова немаше да го дознаеме да не беше снимено“, велат од Анима Мунди.

Од таму додаваат дека „молкот ги охрабрува и помага сторителите, никогаш оној кој е жртва“.

Анима Мунди повикува на собир пред Основниот суд Скопје, утре со почеток во 9:30 часот. Од ова здружение бараат најстроги казни за мачење и убиство на животните.

„Ние одбиваме да тонеме во насилство и неказнивост, без изгледи за напредок, сигурност, владеење на правото, правда. Ве повикуваме на 26.02. (среда) 09:30, часот пред Основен  Суд, Скопје. Во име на Феликс и во име на сите останати како него, бараме најстроги казни за мачење и убиство на животните. Без олеснителни околности и мерки, за затворски казни за мачење и убивање на животно“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy